На првиот училишен ден во новата учебна 2020/2021 година која почна со задоцнување од еден месец поради коронакризата денеска, на први октовмри, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија средното училиште „Орце Николов“.

Во прзаните ходници и училници во познатата скопска гимназија, Царовска и Шилегов се сретнаа само со дел од проферсорите, додека учениците останаа дома.

За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина“, соопштија од градот Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.