Во денешната акција за чистење беа вклучени и Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и министеркста за труд и социјала Мила Царовска. Тие беа на локацијата крај кејот на Вардар кај патеката за велосипеди и возење ролери, каде беа пречекани од купишта ѓубре.

Ова е второ чистење на оваа локација во изминативе две години и иселување на лицата кои живеат на оваа дива населба. За таа цел решивме овојпат, покрај нивно дислоцирање, да извршиме и целосно чистење на просторот со цел да спречиме нивно повторно враќање. Градот работи да ја утврди и сопственоста на конкретната локација, бидејќи тука имаше спорни состојби, за доколку истото е приватно земјиште да го задолжиме сопственикот истото да го огради, додека доколку е државно истото да го облагородиме и да го урбанизираме и да спречиме повторно да се создаваат вакви појави – кажа градоначалникот Шилегов за време на денешната акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.