Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, кај Автокоманда, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров – нагласуваат од Градот Скопје.

Како што наведуваат од Град Скопје, во градот деновиве се одвиваат реконструкции на улиците Македонско – косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски Бато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.