Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов присуствувапше на отворањето на „Охридско Лето“. Според протоколот, беше сместен во ложата до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев кои беа со сопругите.

Шилегов беше „чудно возбуден“, пишува порталот Скопје1, кој го сподели видеото.

Тој во еден момент почна дури и да прави чудни шеговити гестикулации кога се поздравуваше со премиерот и неговата сопруга, заборави да се поздрави со директорката и нејзиниот сопруг (застанувајќи и потпирајќи се со телото целосно над него), а кога се поздравуваше со претседателот Пендаровски, Петре се свитка, искриви и како да легна на Антички позади Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.