Среќен сум што традиционални улици во нашиот град, коишто се поврзани со битието и функционирањето на урбано Скопје ќе ги вратиме, затоа што тие се уште разговорно помеѓу скопјани се викаат на тој начин, изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градскиот Совет на Скопје на вчерашната седница ја усвои листата од 570 имиња на личности, настани, места… со која е проширен Регистерот на имиња и од кој ќе се црпат имињата на улици, мостови, плоштади и други јавни објекти на градското подрачје.

– Соогласно законските одредби, Регистарот се доставува на одобрување до Владата и мислам дека во текот на денов тоа ќе биде завршено. Откако Владата ќе го одобри тој Регистар со соодветна одлука, ќе продолжиме понатаму со процесот, чекор по чекор, рече Шилегов.

Кои се улици сега ќе добијат старо/нови имиња останува да се види.

Скопјани пак само потенцираат преку социјалните мрежи- ние ќе бидеме среќни кога ќе има новоизградени улици. Листата на ветените сообраќајници од страна на градоначалникот Шилегов не е мала. Се уште се чека на….Тунел под Кале, две нови гимназии, зелен коридор Серава, Луна парк, спуштена раскрсница кај „Мавровка“, нов мост во Ѓорче Петров на „Илинденска“, доградба на „Словенечка“ и на „Хрватска“, кружен тек во Сарај, натпатник „Алкалоид“…

Засега е сигурно дека ќе има само нови имиња на старите улици, за ветените ќе почекаме.

Извор: Скопско ЕХО

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.