Градоначалникот на Град Скопје денеска ги отфрли тврдењата на инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка дека се платени комуналии и дека објектот е легален.

Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт. Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка на легалните инвеститори, кои плаќаат данок кон државата – рече денеска Шилегов.

На новинарско прашање зошто државата, а не Градот, го руши објектот, тој рече дека Градот нема ингеренции.

Град Скопје нема ингеренции да го изврши рушењето на објектот кај Мавровка, затоа денеска Владата го врши рушењето, може би било добро во иднина овие ингеренции да се префрлат на Град Скопје – рече Шилегов.

Тој потсети дека претходно со 5.000 евра бил казнет инвеститорот на објектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.