Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за „360 Степени“ зборуваше новото претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје, формирано од градот Скопје, коешто сака да го преземе топловодната мрежа за градско парно.

Правиме веројатно револуција во Скопје после 30 или 40 години, затоа што преку Градски енергетски системи, веќе сме во постапка пред Регулаторната комисија за лиценцирање со цел да ја преземеме ние како град Скопје, топловодната мрежа којашто е сериозно неразвиена, односно 23% од нашиот град се покриени со топловодна мрежа, а убедливо најевтино и најеколошко решение за затоплување на домовите е централното греење. Тоа беше целосно уништено во изминатите 30 години, дури бевме сведоци дека беше дадено во јавно-приватно партнерство, и тоа најздравиот дел од мрежата којшто сега го контролира и управува Балкан Енерџи Груп, којшто па нема интерес да ја развие мрежата, туку си прави „кост-бенефит“ на последниот број на корисници. Во северниот дел, топлана Север што би требало да ги опслужи Топанско, Скопје Север, Чаир, коишто се надвор од систем, во моментов има 776 корисници. Идејата на спојувањето е да ја споите топлинската енергија, и топлана Север да може да произведе топлина за краен корисник во Карпош 4. Кога ќе ги измешате енергиите коишто ги произведуваат топланите во Скопје, тогаш цената на парното греење во северниот дел ќе се намали за 20 до 30% колку што е сега поскапа, и затоа е неатрактивна за луѓето. Ние со еден цевковод од околу 2 километри ќе овозможиме преку 100 илјади жители во овој дел на градот да дојдат до многу поевтин и поеколошки енергенс – рече Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.