Лагите и лажните ветувања на СДСМ, Шилегов и Богдановиќ излегоа на виделина.Цели 3 години СДСМ Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават, обвинува портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. 

Тоа е СДСМ. Најпрвин префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба.

Џабе лажење цели 3 години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори.

И сега кога видоа дека не можат да излезат од сопствените лаги коишто влегоа, веднаш ги ставаат во функција обвинителство, судство и сите останати дека ќе барале криминал. Сето ова само за да ја замајат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите.

Наспроти тоа имаа цели 3 години да го направат сето ова кое што го прават, и наспроти тоа единствени виновници за извисувањето на граѓаните и нивните лаги кои ги пласираа се само Шилегов, Богдановиќ и СДСМ, затоа што ги лажеа граѓаните за градбите кај Холидеј Ин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.