Група граѓани денеска се собраа на протест против како што велат лажната пандемија, принудното вакцинирање и монтирањето на 5G антените. Велат дека власта ги крши правата и слободите на граѓаните, а од здравствените власти бараат да ги објават имињата на заразените и починатите од коронавирусот. Ги обвинија и медиумите дека шират лажни информации.

Со транспарентни за 5G антените и со развиорени македонски знамиња застанаа пред Владата, каде што дел од присутните одржаа говор.

Овој собир е за да го искажеме нашето незадоволство против 5Г технологијата, принудното вакцинирање, измислиците за корона вирусот и малтретирањето на народот. Зошто Филипче не го објави списокот на починати? Со скршена нога, умрел од корона, со прелет црева, а умрел од корона, рече еден од демонстрантите.

Друг, пак, изјави дека дека шетал низ цела држава и, како што рече, ниту видел некој да паѓа, ниту да кашла, ниту некој му кажал дека има корона.

Од МВР соопштија дека против 7 од присутните на протестот се преземени мерки за непочитување на уредбите и мерките за јавен собир и групирање, а едно лице е приведено во полициска станица.

И покрај укажувањата на полициските службеници согласно уредбата на Владата за забрана за групирање, лицата во еден момент излегле од возилата и започнале да се собираат во група не почиутвајќи ги наредбите на полицијата при што против 7 лица се преземени мерки за непочитување на уредбата и мерките за јавен собир и групирање , а едно лице е приведено во полициска станица.

Од МВР дополнително велат дека против лицата се поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.