Сите знаат дека станавте кандидат за градоначалник на Скопје, зашто не станавте директор на МКЦ, му возврати скопскиот градоначалник Петре Шилегов на противкандидатот Бени Шаќири, кој, пак, го обвини дека е лош градоначалник.

-Ние кога рушевме режим се договоривме дека ќе го слушаме гласот на граѓаните. Вие требаше да бидете партиско решение за директор на МКЦ, но имаше петиција против и ние го послушавме гласот на граѓаните – рече Шилегов на дебатата на Телма.

Кандидатот за градоначалник на ДОМ и ЛДП Бени Шаќири претходно му рече:

Јас лично ве качив на бина кога станавте градоначалник и се договоривме да бидете чесен и нормален градоначални. Но, вие може сте добар правник, но испаднавте лош градоначалник.

Тој додаде дека Шилегов лаже и дека не остварил ништо од ветувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.