Денеска на дневен ред во Советот на Град Скопје беше преложен амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 10 милиони денари во категорија програма за изградба и реконструкција на локални патишта, категорија 4 8 2 други градежни објекти за нова стапка за меѓуопштинска соработка за реконструкција и санација на улица „Максут Садик“ во општина Чаир. Но истиот тој амандман градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го одби со аргумент дека од ставката за зеленило е неприфатливо да се крати.

Би сакал да дадам еден краток осврт и образложение за што поточно се работи, потребата од поднесување на еден ваков амандман произлегува од лошата состојба во која се наоѓа оваа улица, поточно Максут Садик. Се работи значи за една заборавена уличка, многу френкветна, илјадници возила поминуваат низ таа улица, а истата се наоѓа во централното градско подрачје на градот Скопје и го поврзува општините Центар со Чаир и обратно, појасни советникот Ерџан Селими од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Селими додаде дека реконструкција на улицата е по барање на жителите. Со реконструкција на оваа улица истовремено ќе се олесни и ќе се растерети сообраќајот.

Амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 3 милиони денари во програмата за спорт и рекреација – капитални трошоци, категорија 4 8 2 други градежни објекти за реализација на проект за реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Напредок – 65, Шутка.

Овој амандман од страна на кабинетот на градоначалничката не беше прифатен.

Теренот е во една екстремно лоша состојба, и истиот не е во можност да се користи за тренинг и одигрување на официјални фудбалски натпревари. Сега замислете при население од 40.000 жители, Шуто Оризари нема свое игралиште каде клубот ќе ги игра официјалните натпревари. При тој факт од страна на управата на клубот тие се приморани да бараат терен надвор од општината за истите натпревари да ги одиграат и при тоа не секогаш наидуваат на поддршка и помош, појасни советникот Селими.

Тој посочи дека пред точно една недела клубот ФК Напредок – 65 Шутка требаше да одигра официјален натпревар иако се беше начелно договорено надвор од матичната општина да се одигра натпревар на друг терен, таму се појавија одредени луѓе кои што не дозволија натпреварот да се одржи.

Навистина е жално што овие деца уште од млади години на своја кожа ја чувствуваат таа голема обесправеност и разочараност“, нагласи советникот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.