Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираат пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ пред катната гаража „Судска палата“. Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од 4 метри. На вкупна површина од 1200 квадратни метри се отстрануваат старите и оштетени плочки, а потоа овој потег ќе биде целосно асфалтиран.

Изградбата на нови велосипедски и пешачки патеки и обновување на постоечките патеки во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, и овие активности продолжуваат со иста динамика и во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.