Улиците и паркинзите во Клиничкиот центар се поплавени по врнежите на дожд изминативе два дена. Паркингот кај Клиниката за стоматологија е целиот под вода и буквално за да излезат докторите и пациентите од возилата и да се движат низ комплексот шлапкаат низ вирови вода, пренесува „СДК“.

Град Скопје по почетокот на епидемијата на ковид-19 со пари од Министерството за здравство почна со реконструкција на улиците на Клиничкиот центар.

Од Градот велат дека на повеќето улици каде што работеле обновена е постојната атмосферска канализација и таму нема проблем со поплавување,  а проблемите се појавиле на улиците и паркингот кои не биле предвидени со проектот за реконструкција и останале без одвод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.