наум стоилковски од вмро-дпмне открива нова афера

Се појави нов „Драги Рашковски“ во ликот на секретарот на Шилегов

Скопје 18.04.2021 / 12:22
фото: Викторија Мадиќ-Аврамовска (десно од Шилегов)

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов „Драги Рашковски“, ама овој пат во градот Скопје, раководен од Петре Шилегов.

За што станува збор?

Секретар на градот Скопје е Викторија Аврамовска Мадиќ; партиски кадар на СДСМ, впрочем тоа е истата личност којашто Зоран Заев го прогласи за партиски победник како единствен кандидат на партиските избори, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Чест добитник на јавните набавки и тендерите на град Скопје каде се вртат милионски суми во денари е компанијата Армор Плус. Тоа е оваа компанија за набавка на заштитна противпожарна опрема, како што пишува со седиште на Булевар „Трета Македонска Бригада“ број 48. Армор Плус е компанија е во сопственост на лицето Димитар Петрески. Димитар Петрески пак е сопруг на сестрата на Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар на градот Скопје. Значи градот каде секретар е Мадиќ, распишува тендер или јавна набавка, а зетот Димитар Петрески, зетот на Викторија Мадиќ е добитник на тој бизниси. Секоја година компанијата Армор Плус добивала јавна набавки од градот раководен од Петре Шилегов. Па така фирмата на зетот на секретарот на Скопје во ноември лани, добила тендер за заштитни одела во износ од речиси 5 милиони денари. Ваква слична јавна набавка имало и еден месец порано во износ од 350 илјади денари. Во 2019-та година зетот од Град Скопје добива уште една јавна набавка од градот раководен од Шилегов во вредност од над 2 милиони денари, вели Стоилковски.

Тој додава дека ваква набавка истата фирма добила и во други два наврати во 2017-та година веднаш по стапувањето на Шилегов на оваа функција во вредност од над 2 милиони денари.

-Значи градот Скопје воден од Петре Шилегов во околу 5 наврати исплатил 10 млиони денари на компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје. Очигледно на повидок е нов случај а-ла „Драги Рашковски“ овој пат во градот Скопје, раководен Петре Шилегов. Се поставуваат низа прашања, како токму компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје е добитник на 5 јавни набавки во вредност од 10 милиони денари? Дали ова се единствените јавни набавки или имало и повеќе други, каде што се врзуваат вакви зетовски, снаовски, балдиски- врски, поврзани со Петре Шилегов и со секретарот на Градот Скопје? Или, дали ваквиот начин за испумпување на пари од Градот Скопје е единствен или постои нова мрежа за криминогени дејанија? Почитувани, мафијата не мирува, додека цело општество се распаѓа, економијата тоне во рецесија, мафијата дрпа од буџетите, било да е од централниот или локалните буџети, за нивните шеми нема разлика!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.