По обелодувањето на скандалот кој денеска ја потресе јавноста за постоење на извиднички камп во близината на Скопје каде малолетни лица биле вклучени во непримерни активности, се огласи и организаторот на кампот.

„Прв Скопски Извиднички Одред“ не негира дека се случил ваков настан но жалат што ваква медиумска покриеност не се случила кога, како што велат дека организирале многу крводарителски, хуманитарни, еколошки акции, кога подигнувале свест за заштита на животна средин и  ја пошумувале и чистеле државата од отпад.

За конретниот настан оттаму велат дека манифестацијата „Есенски бакнежи“ прегратки“ е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование.

Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно.

Есенски бакнежи, прегратки се одржува веќе 12 години и до сега сите настани поминале без никакви проблеми, поплаки или повреди, а имаат учествувано повеќе од 500 млади.

Извидништвото само по себе меѓу другото подразбира и безбеден простор каде младите може да учат, разговораат и дискутираат за важни теми за нивниот живот како што се основите на секскуалното образование без предрасуди и табуа.

Уште велат дека настанот не претставувал никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување.

Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани.

Но, родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.

Активностите на кампот  вклучувале соблекување на облеката и прашања колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, боење на полови органи, пеење песни во долна облека.

Градот го раскина договорот со „Прв Скопски Извиднички Одред“ а од МВР велат  извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.