Денеска се одржа првата конститутивна седница на советот на Општина Бутел, на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на советот. Со седницата до изборот на претседател, претседаваше највозрасниот советник Чедо Николовски.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски им посака плодна работа на советниците и заедничка соработка во интерес на граѓаните

За претседател на советот е избран д-р Игор Николов од коалицијата „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

На истата седница со заедничка согласност и координација на сите советнички групи беа избрани претседателите и членовите на работните тела на советот (комисиите).

Инаку, мнзинство во Советот има коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ со десет советници, коалицијата предводена од СДСМ има 4, ДУИ 3, Левица 1 и коалицијата Алијанса/ Алтернатива 1.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски им посака плодна работа на советниците и заедничка соработка во интерес на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.