Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ објави на Фејсбук дека е позитивен на ковид 19.

Почитувани сограѓани,

И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен.

Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.

Вирусот е опасен и непредвидлив.Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.