Водата која надојде од булеварот „Александар Македонски“ во гаражниот дел од „Ист гејт мол“ е исцрпена. Целиот простор е саниран и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден, соопшти денеска прес-службата на овој трговски центар.

Оттаму наведуваат дека приземјето и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата, а погодените нивоа од поплавата – минус два и минус еден во молот, се подготвени да ги пречекаат посетителите.

Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Отворите за канализација на булеварот „Александар Македонски“ се отпушени, а од страна на техничките служби во молот преземени дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина. Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи, велат од „Ист гејт мол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.