Дефектот на булеварот Илинден во Карпош ноќеска е саниран, а водоснабдувањето е нормализирано во 04:25 часот, информира ЈП „Водовод и канализација“.

Булварот Илинден вчера вечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрвин направи хаос во сообраќајот, а кога екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече по што на асфалтот останаа кал и тиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.