ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување.

Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот.

Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Имајќи предвид дека станувало збор за голема цевка која е под силен притисок, водата се пуштала постепено и до полноќ сите корисници добиле вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.