Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во следните денови ќе остане во самоизолација, откако претходно бил во контакт со лице кое во меѓувреме добило позитивен тест на ковид-19.

Почитувани граѓани, ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во САМОИЗОЛАЦИЈА и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции. Драги граѓани, уште еднаш ќе ја искористам оваа прилика да ви АПЕЛИРАМ за внимавање, придржување на предвидените мерки и сериозно третирање на оваа тематика и предизвик, бидејќи состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон по лошо, соопшти Ганиу преку неговиот фејсбук-профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.