Меѓу поголемите штети кои вчера ги направи невремето во Скопје е и кровната конструкција на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“, која е речиси целата откорната.

За потсетување, училишната зграда беше реконструирана пред само неколку месеци, а целиот проект го кошташе градот околу 750 илјади евра. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш имаше полна уста пофалби за квалитетот на реконструкцијата.

Поради оваа „квалитетна“ реконструкција дури беше одложен и почетокот на школската година во септември во средното школо, сè со цел завршување на градежните работи.

Очигледно политиката на Шилегов за само промовирање и фотографирање денеска се гледа на дело од овие фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.