Граѓаните на Скопје заостанатите сметки за вода и смет без камата можат да ги платат до утре.

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни, стои во соопштението.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.