Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти од прва година на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Од Министерството информираат и дека студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена, (од денот на објавување на резултатите), кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

Уште еднаш напоменуваме дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б“, стои во соопштението од МОН.

Резултатите од Конкурсот може да ги најдете на следниов ЛИНК.

Резултатите по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.