Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Како што најави владината прес-служба, седницата ќе почне во 12:30 часот, ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, а за донесените одлуки и заклучоци ќе биде испратено соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.