На социјалните групи утрово осамнаа фотографии со автобуси во Скопје, преполни со луѓе. Некои од нив носат заштитни маски и ракавици, а некои не.

На фотографиите може да се забележи дека во автобусите буквално нема место да се влезе, а во време на епидемија на корона вирус, една од мерките која строго треба да се почитува, освен седењето дома, е и задолжително растојание меѓу граѓаните од најмалку 1,5 метар, а во автобусите тоа не е пример, иако истите, како што објавија од ЈСП, редовно се дезинфицираат.

Покрај луѓето кои мораат да стигнат на своите работни места, можат да се забележат и граѓани кои имаат повеќе од 55- 60 години, кои според анализите и препораките на Светската здравствена организација и според статистиките направени од најпогодените земји во светот од Ковид-19, се во најризичната група кај која е забележен највисок степен на смртност.

Јавниот градски превоз вози со редуциран возен ред, но некои граѓани поради видот на работата не можат на работат од дома и треба да се појават на своето работно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.