Македонската православна црква да го смени календарот за прослава на Божик за да го славиме како цел свет, побара денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој ова го изјави во врска со новогодишното украсување на Скопје, кое ќе биде „раскитено“ спроти големиот православен верски празник Божик.

Скопје почна да се кити, ќе светне и новогодишната елка в петок. Винтерленд по втор пат се одржува во Скопје. За празничната атмосфера да го опфати и православниот Божик Шилегов ги повика МПЦ да го променат датумот – јави ТВ Сител.

За дочекот на 2020 концерт на плоштадот ќе одржи балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, а украсувањето на градот, како што е најавено од Шилегов, ќе биде симнато само неколку дена пред Божик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.