Расипаниот лифт во катната гаража „Смилевски конгрес“ во центарот на Скопје се уште претставува ризик за граѓаните, бидејќи не е затворен и не е означен дека е надвор од функција, иако од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор изјавија дека го затвориле и го означиле просторот.

„Република“ пишуваше дека малку недостига да дојде до вистинска трагедија во катната гаража „Смилевски конгрес“ во Центар, каде расипан лифт стои отворен без никаков знак за предупредување или препрека, ниту пак чувар да ги предупреди луѓето да не се доближуваат.

Лифтот е отворен на погорните спратови и е потенцијална опасност, бидејќи станува збор за дупка од неколку метри.

Од АД за стопанисување со станбен простор за „Република“ изјавија дека бил насилно отворен од страна на непознати сторители.

Лифтот кој што е споменат е еден од двата во катната гаража „Смилевски Конгрес’’. Не е во функција поради проблем со достава на дел за негова поправка. Постапувајќи согласно сите безбедносни протоколи лифтот беше затворен и соодветно означен дека е вон употреба. Веднаш по утврдување на проблемот, нашите служби интервенираа и повторно го затворија и соодветно го означија лифтот, откако претходно утврдија дека истиот е насилно отворен од страна на непознати сторители. Посочуваме дека станува збор за вандалски чин кој можел да предивика сериозни последици. Дополнително ќе се превземат мерки за поголема безбеност на просторот, велат од АДСДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.