Со транспаренти Расадник те моли, не гради, ме боли, Стоп за урбаната мафија, членови на општинскиот комитет од ВМРО-ДПМНЕ, Кисела Вода, со автомобили излегоа на протест. Бараат да се поништи детално урбанистичкиот план за Расадник кој предвидува изградба на 120 згради, поголем дел 13катници, без зелена површина. Присутните на протестот реагираа дека со овој ДУП дополнително ќе се блокира овој дел од градот и ќе се зголеми загадувањето на воздухот.

Најавија помасовни протести, доколку надлежните останат глуви за нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.