Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица односно за жени со навршени и над 62 години и за мажи со навршени и над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.

Бесплатниот превоз за пензионери беше укинат поради коронавирусот, а повторно беше воспоставен во петокот, со што бесплатниот превоз важеше само три дена, пред денеска да биде повторно укинат.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.