Првачињата во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош на првиот уличишен ден беа пречекани со обраќање од стра на премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Карпош Стефан Богоев по повод почетокот на учебната 2020/2021.

Училишната година првпат е одложена за еден месец и денеска треба да ја почнат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња.

Еден дел ќе бидат во училниците и настава ќе следат според здравствени протоколи, а поголемиот дел ќе учат онлајн од дома преку националната платформа за учење од далечина.

Онлајн-наставата е веќе и законски регулирана откако беа изгласани измените на законите за основно и за средно образование. Законски се овозможени и исклучоци во однос на почетокот и завршувањето на учебната година во вонредни околности и кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.

Наставниот час ќе трае за десет минути пократко од регуларните во класичната настава, односно 30 минути во основното и 35 минути во средното образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.