По сите протоколи за заштита од ковид 19 во импровиззирана училница во дворот основоното училиште „Коле Неделковски“ во Дебар Маало им посака добредојде на првачињата.

Балони, панделки, весела музика, но и училишните клупи поставени во дворот за идните основци да ја почувствуваат магијата на новото поглавје во животот, но и да не се исплашат од непознатото. За да покажат колку им значат и колку им се важни новите членови на семејството, наставниците од “Коле Неделковски” сите до еден учествуваа на приемот на првачињата. Постарите другарчиња, пак, со музички и драмски настапи им ја ишкаа тремата.

Се потрудивме да ги запазиме сите протоколи, дури и повеќе од пропишаните. Здравјето на нашите деца ни е приоритет. Доволно е стресно за нив што влегуваат во непознато, што од корен им се менува животот, но и што оваа промена доаѓа во вакви вонредни услови, па најмалку што можеме да сториме за нив е да им организираме пречек свечен колку што дозволуваат околностите, изјави за “Република” во неврзан разговор директорката на училиштето, Светлана Масларовска.

Масларовска додаде дека училиштето е подготвено за настава со физичко присуство на децата од сите девет одделенија.

Ги исполнуваме условите, поднесовме барање за настава со физичко присуство од прво до деветто одделение и чекаме да ни одобрат, оптимист е таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.