Протест под името„Кога пилите ќе стивнат“  се одржува денеска на улицата „Орце Николов“ во Скопје, поради плановите на градските власти да се исечат и преостанатите 10 дрвја.

Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сечењето на дрвјата на улицата, за да се спасат преостанатите дрвја.

„Собирот ќе почне на раскрсницата на Ленинова со Орце Николов (кај „Пепер“), со едноминутен молк за згаснатите животи на здравите дрвја, а потоа ќе продолжи кон раскрсницата на Наум Наумoвски Борче со Орце Николов (кај „Синдикат“)“, соопштија организаторите „Зелен хуман град“, здружена иницијатива на 12 организации и активистички групи од Скопје..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.