Иницијативниот одбор за протест на рестораните кои работат организирани прослави, заедно со ноќните клубови, музичарите и фото студијата денеска повторно на протест во Автокоманда.

Благодариме за трпението на учесниците во сообраќајот, се надеваме имате разбирање. Мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти и да не згаснат илјадници работни места, велат тие.

Ќе продолжат да протестираат се додека не им бидат исполнети барањата.

Од среда протестот ќе се одвива пред Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.