Сообраќајот на дел од бул. „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот кај дирекцијата на „Макптерол“, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

(фото: МИА)

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.