Дванаесетгодишниот Мартин кој денеска на пладне се загуби на кејот на Вардар е пронајден. На фејсбук беше објавено дека Мартин последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, кај продавницата „Вучко“, но подоцна бил пронајден во близина на хотелот „Хилтон“.

Како што соопшти МВР, по добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам.

Полицијата веднаш преземала мерки и активности за пронаоѓање на детето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.