Македонскиот иселеник и професор од Њујорк, Нестор Огинар, вчера во Скопје беше приведен пред Порта Македонија, каде што држел говор пред група приврзаници. Во говорoт тој остро ја нападнал Владата за политиките кои ги спроведува, а во говорот бил против НАТО како организација.

Тој говорот го одржал додека траеше „Одлучен удар“ пред Порта Македонија, а потоа беше приведен во полициската станица Беко, заедно со мајката на убиеното момче Пино, по што беше ослободен.

Огинар по пуштањето изјави дека при апсењето бил малтретиран, но во полициската станица, инспекторите кон него се однесувале коректно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.