Општина Чаир истакнаа дека сметките за електрична енергија се значително зголемени, но проблемот за парното е најалармантен во овој момент. Тој напомена дека не е проблем долгот на општина Чаир, кој се исплаќа на рати за загревањето на училиштата. Поголем проблем претставува исклучувањето од топловодната мрежа на граѓаните и тоа е сериозен предизвик бидејќи 25% според информациите се одкажале од парното. Трошоците за електричната енергија се зголемени од 500 илј 1,4 милони, а во најголемиот дел од институциите во општината зголемувањето е над 3 проценти.

Вчера ние плативме 2 милиони денари од долгот и одговор ни беше дека ќе имаме топлинска енергија само за два дена. Се поставува прашањето “Што и ако ги подмириме сите долгови, кога по овој интензитет топлификација може да не снабдува нас уште девет до десет дена со парно и таман кога ќе започне учебната година пак ќе останеме без парно греење. Општина Чаир не е виновна во овој случај. Ние имаме долг, што нормално го плативме по рати, но пак ова претпријатие ќе има проблеми и не знам како ќе се решаваат по деновите кога ќе бидат подмирени овие долгови. Сите ставови на градоначалниците во ЗЕЛС се исти, бараме состанок со Владата и да ни помогне. Само како компарација на последниот месец и сега, плативме приближно 500 илјади денари за осветлување, а овој месец е 1.400.000 денари. Сметките се драстични и ова ќе биде голем товар за сите општини, изјави градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

На седницата на ЗЕЛС, од страна на општина Валандово беше истакнато дека во моментов не е раскинат договорот за набавка на електрична енергија, нов договор треба да се склучи во февруари, но зголемување на цените ќе го оптовари буџетот.

Општина Куманово пак покрај проблемите со зголемените трошоци за електрична енергија, имаат проблем и со зголемување на цена на гасот од 25 на 80 денари на метар кубен, што ќе го загрози снабдувањето на училиштата и градинките, а ќе го стави во нерентабилност и јавното претпријатие кое снабдува со гас.

Исти се проблемите и во општините Охрид, Струмица, Велес. За градоначалникот на Струмица истакна дека трошоците за струја биле 7 милиони денари а сега се 25 милиони денари со барање дека Владата треба да обезбеди средства за капитални инвестиции за алтернативни извори на енергија. Градоначалникот на Велес Марко Колев истакна дека без интервенција на владата тешко ќе се опстои, општина Велес има сериозни проблеми во уредување на градежно земјиште и се лимитирани со приходи и буџет, при што нема дополнителни можности за финансирање за да ги покрие трошоците. Споредбено во октомври 2020 трошоците за струја биле 1,4 милиони додека во октомври 2021 трошоците се драстично зголемени на 6,6 милиони денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.