Голем број граѓани денеска на Плоштадот „Македонија“ се придружија на обидот за поставување нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе, но изгледа не успеаја. Сепак на официјална потврда треба да се почека. На овој интересен потфат присуствуваше и Градоначалникот Петре Шилегов.

Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи – изјави Шилегов на денешниот настан.

Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници, што значи дека правењето на најголема елка на скопскиот плоштад од луѓе не успеа. Ако сепак се утврди дека имало повеќе од 4.030 луѓе во правењето на елката, можеби сепак ќе влеземе во Гинис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.