Советот на Град Скопје вчера не донесе никаква одлука за проблемот со приватните автобуски превозници кои вчера ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје. Тензично помина и вчерашната седница на советнички прашања на која градоначалничката Арсовска им порача долговите да си ги бараат на суд, и повтори дека во наредниот период ќе биде објавен повик за нови превозници на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани.

По вчерашната неуспешна средба со управниот одбор на ЈСП тие дадоа нов рок до петок за кога најавија дека доколку не им биде исплатен милионскиот долг кон нив со над двеста автобуси целосно ќе го парализираат сообраќајот во главниот град, а блокадите на градските сообраќајници ќе останат до конечно решавање на проблемот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.