Ниска е излезноста во Сарај, што е и очекувано, бидејќи локалното население нема интерес да излезе на гласање. Оваа скопска општина доби градоначалник уште во првиот круг, па така жителите на Сарај денеска избираат само градоначалник на Скопје.

Од друга страна, еден политички лидер ги повика Албанците, кои се доминантно население во оваа општина, да го дадат својот глас за еден од кандатите, кој со месеци деноноќно беше во Сарај и Кондово. Ниската излезност во оваа општина не му оди во прилог на гласовното конто на кандидатот за градоначалник кој ги очекува гласовите на Албанците, но затоа му оди во прилог зимското сметање на времето кое започна денеска.

Со уште еден час темница, во Сарај можат да се случат чуда, а ова не е паушална констатација. Во оваа општина традиционално се полнат кутии пред затворање на избирачките места. За потсетување, така беше и во првиот круг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.