Вечерва пред Собранието се одржа протест поради најавата на министерот за здравство Венко Филипче  дека Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да ја усвои мерката задолжителна вакцинација за здравствени работници, а вработените во јавниот сектор да мора да имаат сертификат за најмалку една примена доза, негативен ПЦР тест или документ за прележан Ковид 19 – за да дојдат на работа.

Присутните порачаа дека никој не може да ги натера на присилна вакцинација и имаат право на слободен избор.

Терапијата против ковид е смрт; Вакцината е отров; Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата, беа пораките испратени од пред Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.