Екипа на Противпожарната бригада на Скопје интервенираше вечерва поради запалена трска кај каналот на потегот од Ржаничино до Таор во општина Петровец.

Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба.

Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.