Пожарникарите реагираа молскавично и со скали се искачија до станот кој се наоѓа над опожарениот во наслебата Кисела Вода. Таму, како што е алармирано, има деца. Како што веќе објавивме околу 14 часот избувна голем пожар во стан на улица ,,Народни херои“ број 23 во Кисела Вода.

Засега нема инфорамции за причините поради кои избувна пожарот, информациите од терен се дека еден од пожарникарите се угушил и е префрлен на клиника, а пожарникарите ги згрижија на безбедно децата од станот што се наоѓа над опожарениот. Во моментов пожарот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила, потврдија од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, пожарот е делумно локализиран.

На терен се екипите на брза помош и на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.