Вечерва пожар избувнал во угостителски објект во старата скопска Чаршија-јави ТВ21. Според очевидци, пожарот настанал поради проблем со електричната енергија.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот, не успеале навреме да влезат на опожареното место поради блокада од бројни паркирани автомобили.

Во моментов пожарот е локализиран, а повредени лица нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.