Помал пожар попладнево избувна во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Пожарот е изгаснат по брзата интевенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хотелот.

Како што информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), опжарен е градежен отпад од хотелот, кој е во фаза на реновирање и нема гости.

Пријава за пожар поладнево е пристигната и за локација во близина на касарната во Ѓорче Петров, каде е упатена една противпожартна екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.