Откако изминативе денови пожари на неколку пати избувнаа на Скопска Црна гора, попладнево потворно има активни пожари во овој реон. Во моментов три противпожарни возила со девет пожарникари упатени се во близина на скопското село Виниче во Скопска Црна Гора за да го гасат шумскиот пожар, потврдил командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Место каде што избувнал пожарот е непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го изгаснат истиот, за што постои веројатност, тогаш ќе биде повикана и Армијата.

Вчера пожарникарите на Противпожарната бригада на Град Скојпје гаснеа шумски пожари во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.