На трим-патеката во Кисела Вода се поставени нови дополнителни столбови на потегот од општина Центар кон делот што води кон новиот парк на „Есенинова“ со што патеката е целосно осветлена.

Се работи за седум нови петметарски столбови со лед светилки на оваа локација. Дополнителни единаесет нови светлосни столбови се поставени и во продолжението кое води кон внатрешноста на Кисела Вода. Со подобрувањето на електричната дистрибутивна мрежна инфраструктура, оваа пешачка патека лоцирана покрај железничката пруга, покрај тоа што редовно се чисти, сега може да се користи и во вечерните часови – информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски додава дека ваквата активност ќе донесе бенефит за жителите на Кисела Вода, но и натие од Аеродром и Центар, со оглед на тоа што трим-патеката е локација која редовно се користи за одмор и рекреација.

Воедно, реагираме на сите пристигнати пријави од граѓаните поврзани со прегорени светилки и постапуваме по барањата за дополнително улично осветлување, со што се подобрува и ликот, но и безбедноста во овој дел од градот – вели Ѓоргиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.