Неколку дена откако и официјално ФК Вардар испадна од првата фудбалска лига сакам да му честитам на Петре Шилегов, после 3,5 години успеавте да ја уништите скопската и македонската фудбалска гордост, му порача поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, на сегашниот градоначалник.

Од шампион го успешно го вративте во втора лига.
Ние не бевме совршени, но работевме на афирмација на спортот во Скопје. Водилка ни беше скопската спортската звезда да опстои и да се гордееме со шампионските успеси во Македонија и Европа.
Овој успех Петре, Скопјани нема да ти го заборават !!!
Јас го сакам Вардар и тој повторно ќе блеска, порача Трајановски на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.