Новиот ценовник на скопската Зоолошка предвидува, освен поскапата влезница за посета на Зоолошката градина од 50 на 80 денари, да има и дополнителни влезници за содржините кои летово треба да бидат отворени.

Па така, влезот во Дино паркот со диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни, посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се наплатува за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.

Поскапувањата од Зоолошка ги правдаат поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.